Караванот на слободата пристигна во Кавадарци

Post Image

Караванот на слободата денеска на пладне одржа прес конференција на која го најави утрешниот мултимедијален настан во Кавадарци. Тимот на ЦИВИЛ ги информираше присутните претставници на медиумите и граѓанските активисти од Кавадарци, за идејата на проектот и за сите содржини Караванот. Continue reading

Продолжува хуманитарната акција на Караванот на слободата

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со акциите за помош на настраданите од поплавите во скопско. На сите инфо-штандови кои во наредните два дена, 18-ти и 19-ти август, ќе ги посетат општините Демир Капија, Неготино, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Битола и Кавадарци, ќе бидат поставени и кутии за донации, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена. Continue reading

Голем мултимедијален настан на Караванот на слободата во Кавадарци

Post Image

Во петок (19.08) во Кавадарци продолжува серијата мултимедијални настани на Караванот на слободата. На големата сцена на градскиот плоштад, кавадарчани ќе ги забавуваат Бени и Нон Стоп, Шутка рома рап, ПМГ Колектив и Смоук Шејкерс. Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен со поетски читања, ликовна работилница, изложба, дебата и видео проекции. Continue reading

Мирко Попов, музичар: Слободата е бунтовничка идеја!

Започнат како своевиден манифест против милениците на властите во далечната 1992, и подоцна оформен како бенд во 2003 година, PMG Kolektiv е несомнено една од највлијателните групи на македонската уметничка сцена. Тие се вистински постмодерен бенд произлезен од скопскиот асфалт, кој со неуморно работење, следење на актуелните музички трендови и огромното искуство, стана еден од водечките независни бендови во Македонија со повеќе издадени албуми и постојани турнеи.

Continue reading

ВИДЕО: Уметничка работилница и изложба „Слобода во боја“ во Струмица

Уметничката работилница и изложбата „Слобода во боја“ како дел од мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Струмица, беа посветени и на настраданите во поплавените подрачја во скопскиот регион. Работилницата ја водеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, а посетителите имаа можност активно да учествуваат со создавање на свое дело на тема слобода.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Голем мултимедијален хепенинг во Струмица

Post Image

Караванот на слободата го одржа вториот голем мултимедијален хепенинг во Струмица на 11 август. На три иполчасовниот концерт настапија бендовите Mooger Fooger, Sethstat и Wipe Out кои, преку музиката, испратија гласни пораки за слобода. На големата сцена настапија и поети, а во текот на вечерта се одржаа ликовна работилница и изложба под заеднички наслов „Слобода во боја“. Continue reading

Музика, бои и стихови на слободата во Струмица

Post Image

Караванот на слободата пристигнува во Струмица со голем мултимедијален настан денеска. Во Градскиот парк, кај Споменикот на револуцијата, со почеток во 15 часот ќе се одржат работилници на познати визуелни уметници, како и работилници за граѓанско новинарство, поетски перформанси и голем концерт до нешто пред полноќ.  Continue reading

Сеад Хаџиќ, музичар: Уметноста е жртва

Мугер Фугер е македонски инди-рок бенд формиран во 2004 година. Името на бендот произлегува од аналогните педали „Мooger fooger“. Препознатливи се по испреплетувањето на повеќе жанрови и влијанија од неопсиходеличната музика, пост панкот, алтернативната музика, фанкот и рапот. Тие се бенд кој успева да направи симбиоза на она што навидум е неспоиво, преку соработка реализирана со силни индивидуалци. Пред нивниот настап на концертот на Караванот на слободата во Струмица на 11ти август,  со Сеад Хаџиќ – Сецко, идеен творец на бендот, зборуваме за уметноста и слободата. Continue reading

Владан Дробицки, Сетстет: Општеството, а не уметникот, треба да се жртвува за слободата!

Сетстет (Sethstat) е  најдолговечниот македонски џез бенд. На сцената се речиси четврт век, но се бенд кој успешно се вклопува во модерното време, не заборавајќи на традиционалното во уметноста. Преку комбинација на модерни инструменти, повеќе џез правци и традиционален призвук, создаваат оригинална приказна која навистина има што да каже. Во своите композиции, освен традиционалните и слободни џез форми, користат фолк ритам, мелодии и мотиви како позадина, што ја прави нивната музика уникатна. Зад нив се неколку албуми, а настапувале на многу џез фестивали, во речиси сите клубови и концертни сали низ Македонија и пошироко во регионот: Белград, Будимпешта, Загреб, Сараево, Нови Сад… Continue reading

Караванот на слободата во Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци

Post Image

Утре, (среда, 10 август 2016), Караванот на слободата ќе допатува до Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци. Настаните ќе започнат во 14 часот во центарот на Валандово, Богданци и Дојран со ди-џеј сетови и проекции на артистите и презентации од страна и активистите на Караванот за претстојните настани и нивниот распоред. Караванот потоа ќе продолжи кон Гевгелија, каде во текот на денот и вечерта ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

Инаку, и Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата.На сите инфо-штандови, кои во наредните два дена, 10 и 11 август, ќе ги посетат општините Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија, ќе бидат поставени и кутии за донации за настраданите од поплавите, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Leaflet Strumica 02a

Од Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Струмица, кој се одржува ден потоа, во четврток, 11 август. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.