Караванот на слободата се приклучува кон акциите за помош за настраданите од поплавите

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата. На сите инфо-штандови кои во наредните два дена, 10 и 11 август, ќе ги посетат општините Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија, ќе бидат поставени и кутии за донации, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена. Continue reading

Караванот на слободата со втор голем концерт и настан во Струмица

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – центар за слобода и УСАИД продолжува со серијата големи концерти и мултимедијални настани. Мугер Фугер (Mooger Fooger) , Сетстет (Sethstat), Уајп аут (Whipe Out) и ДЈ Тед Детман (DJ Ted Dettman) се дел од артистите, кои ќе настапат на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Струмица, закажан за четврток, 11 август, кај Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица. Continue reading

Концерт на Бени и Нон Стоп: Ако имаме слобода, имаме сé

Бени и Нон Стоп, настапија на Караванот на слободата на 5 август во Велес. Околу час и половина ги забавува велешани со своите хитови меѓу кои и најновата песна „Нема правда, нема мир“.  Continue reading

Ле Ман: Со кренати раце за слободна Македонија

Пред домашната публика, велешаните „Ле ман“, во духот на слободата одржаа едночасовен концерт како дел од мултимедијаниот настан „Музика во боја“на Караванот на слободата во Велес, август 2016. Continue reading

Лазар Ставров: Слободата на интелектот не може да ви ја одземе никој!

На мултимедијаниот настан „Музика за слободата“ во Велес , како дел од Караванот на слободата, Лазар Ставров од бендот Д’ Гандис, покрај изборот од ангажирани песни за слободата од светски познати музичари, се претстави и со авторски песни, меѓу кои се најде и последниот сингл “Шарен крај“ инспириран од неодамнешната Шарена револуција. Continue reading

Успешна најава за вечерашниот концерт во Велес

Post Image

Вчера, ден пред големиот концерт во Велес, Караванот на слободата посети пет соседни општини: Неготино, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман, каде тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода делеа информативен материјал, разговараа со жителите на општините, промовирајќи ги целите на Караванот на слободата. Continue reading

Бени Шаќири: Човек ако нема слобода, нема ништо

Бени и Нон-Стоп е бенд кој успешно опстојува на сцената повеќе од 15 години, со свој препознатлив звук и стил. Покрај фактот што денес се еден од најпрепознатливите имиња на македонската рок сцена, овие момци преку својата музичка приказна совршено говорат за нивната свесност и општествена ангажираност. Continue reading

Бесплатен превоз за концертот на Караванот на слободата во Велес

Post Image

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Кавадарци, Неготино и Градско за големиот мултимедијален настан во Велес утре, 5 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected]Continue reading

Самоил Стојановски, актер: Сами си ја ограничуваме слободата!

Самоил Стојановски е роден 1970 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности – Скопје во класата на проф. Владимир Милчин. На театарската сцена опстојува повеќе од три децении и има огромно сценско искуство со оглед на фактот дека е дете на даските што живот значат. Настапувал на многу домашни и меѓународни фестивали како „Стеријино позорје“ – Нови Сад, „МЕСС“ – Сараево, „Гавелини вечери“ – Загреб, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп… Се јавува како организатор во проектите „Крајот на играта MMI“ (2001) и „Подзатворена врата“ (2003), како асистент на проектите „Подзатворена врата“, „Филип Втори“ (2007) и „Децата на сонцето“ (2009).  На Караванот на слободата на 5 ти август во Велес ќе настапи со монологот на Робеспјер од драмата „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, изведуван за време на студентските протести во Белград во 1968 година. Continue reading

Караванот на слободата на ЦИВИЛ во медиумите

Post Image

Со целодневен мултимедијален настан и прес-конференција, која се одржа на 21-ви јули во „Менада“, официјално започна проектот Караван на слободата, во имплементација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД. Continue reading